ФИНАНСОВ МЕНАЏЕР - ИТС Искрател

Кратка работа

ИТС Искрател Скопје, член на Искрател СнТ групацијата, има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим. Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување за следнава позиција:

ФИНАНСОВ МЕНАЏЕР



Клучни одговорности:
  • Планирање, организирање, анализа и контрола на сите финансиски активности и трансакции на компанијата,
  • Давање финансиски насоки и советување на менаџментот за реализирање на бизнис целите на компанија;
  • Грижа за деловните стратегии да се идентификуваат и да се извршуваат низ финансиските процеси, 
  • Иницирање, и водење проекти за поддршка на стратешки приоритети на компанијата од аспект на финансии;
  • Финансиска евалуација на сите бизнис одлуки;
  • Финансиска контрола на бизнис процесите и процесите за менаџирање на ризици;
  • Изготвување на годишни финансиски планови и предвидувања за потребите на менаџментот на претпријатието (биланс на успех, биланс на состојба, извештај за парични токови, инвестиции и залихи);
  • Навремено и квалитетно изготвување на финансиски извештаи според соодветни сметководствени стандарди и компанискиот систем на известување;
  • Спроведување даночната политика на компанијата согласно законските промени и навремено пријавување на сите видови даноци;

Потребни квалификации и вештини:
  • ВСС – Економски факултет и поседување уверение за овластен сметководител; 
  • Најмалку 3 години проефесионално искуство како сметководител со искуство на изготвување годишни планови, сметки и финансиски извештаи, ДДВ, Е-ПДД и плати;
  • Како предност ќе се смета искуството во интернационални компании;
  • Ажурирано знаење на регулативата за финансиско известување, сметководствената и даночната регулатива во Република Северна Македонија;
  • Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето; 
  • Систематичност, организираност и иницијативност; 
  • Навременост и строго почитување рокови; 
  • Одлични вештини за комуникација, пишана и вербална;
  • Познавање на англискиот јазик и соодветни компјутерски вештини Microsoft Office пакет а особено во Excel;
  • Искуство во електронско банкарство, денарско и девизно работење;
  • Позитивен однос кон промени. 
Што нудиме?
  • Убава, светла и пријатна канцеларија во центарот на Скопје
  • Хибридна работа и флексибилно работно време
  • Конкурентна плата
  • Амбициозна, високо мотивирачка и поддржувачка средина за раст на кариерата
  • Тимска работа со високо квалификувани колеги
  • Можност за постојано усовршување и учење
  • Дополнителни денови за одмор и поволности
  • Приватно здравствено осигурување
  • Дополнителни бенефиции за вработените (програми за наградување, доквалификација и сертифицирање, тим билдинг настани, и многу повеќе)

Доколку сметате дека описот одговара на вашето искуство, Ве молиме испратете ни го вашето C.V. на jobs@its-sk.com.mk 

Апликациите ќе бидат разгледани од нашиот тим за регрутирање. Оваа позиција се одвива во Скопје, Северна Македонија.
Кандидатите можат во секое време да ја повлечат дозволата за обработка на нивните лични документи со испраќање известување на е-пошта: jobs@its-sk.com.mk.