ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Заштита на лични податоци
ИТС Искрател ДООЕЛ Скопје се грижи за заштитата на личните податоци кои се во нејзина надлежност во согласност со Законот за заштита на личните податоци и регулативата издадена од Агенцијата за заштита на лични податоци. За таа цел ИТС Искрател ДООЕЛ Скопје донесува подзаконски акти кои конкретно се имплементираат на заштитата, обезбедување на тајност и чување на безбедноста на личните податоци.
Во Политиката за заштита на личните податоци на ИТС Искрател ДООЕЛ Скопје се содржани принципите и насоките на остварување на доверливоста, интегритетот и достапноста на личните податоци. Преку воспоставените технички и организациски мерки е обезбедена тајноста, заштитата и безбедноста на личните податоци која се базира на методологијата на воспоставени процеси на проценка на влијанието на заштитата на личните податоци.
КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. Во рамките на вршење на работите ИТС Искрател ДООЕЛ е контролорот, а при обработката на податоците постапува исклучиво и во согласност со важечките прописи, овозможувајќи адекватно ниво на заштита и безбедност на личните податоци. Идентитет и контакт податоци на контролорот за заштита на лични податоци:
ИТС Искрател ДООЕЛ
Седиште: ул.Мирче Ацев бр.2,Скопје
тел. +389 2 32 35 300
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци.
Офицер за заштита на личните податоци на контролорот ИТС Искрател ДООЕЛ е:
Христина Илиќ.
тел. +389 2 32 35 302
ИТС Искрател ДООЕЛ ја почитува приватноста на субјектите на лични податоци и собираме, евидентираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив. Личните податоци се собираат за јасни, конкретни и легитимни цели и ќе се обработуваат единствено во согласност со тие цели. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на склучените договори, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на вашето барање.
Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат т.е обемот на лични податоци е мининален.
НАЧЕЛА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ од кои се водиме се:
- Личните податоци да се обработуваат правично, во согласност со закон и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци
- Личните податоци да се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и да се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели
- Личните податоци да се релевантни, соодветни и не во поголем обем во однос на целта што треба да се оствари со нивната обработка (миимален обем на податоци)
- Личните податоци да се точни, целосни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или корегирање на податоците, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени (квалитет на податоци)
- Личните податоци да се чуваат во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од времето што е потребно за исполнување на целта поради која податоците се собрани
- Личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка
|
ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ се следните:
- да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
- да пристапат до нивните лични податоци и
- да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци
|
Барање за остварување на Вашите права може да испратите до Офицерите за заштита на лични податоци, и тоа:
во седиштето на ИТС Искрател ДООЕЛ на ул. Мирче Ацев бр.2,Скопје
по e-mail:
info@its-sk.com.mk
ИТС Искрател ДООЕЛ, Скопје ги чува Вашите лични податоци до истек на законскиот рок за чување, односно се до моментот на постоење на легитимен интерес или дадената согласност.
ИТС Искрател ДООЕЛ има право да го изменува овој документ во кој се содржат информации за обработка на личните податоци, во согласност со промените во прописите за заштита на лични податоци.