Во и вон гарантен период - ИТС Искрател

Сервисни услуги за одржување

Основна цел на техничката поддршка е да обезбеди високо ниво на достапност на информатичко комуникациската опрема, оптимизација на трошоците за одржување, редовни хардверски и софтверски надградби и оптимално функционирање на опремата.

Центарот за техничка поддршка обезбедува разни услуги, генерално поделени на услуги во гарантен рок, пост гаранциска поддршка и дополнителни услуги.
Истите се базираат на договори за сервисна поддршка и ги обезбедуваат следниве предности:
  • детали за времето на одговор при техничка поддршка во случај на проблеми при оперативно работење на опремата,
  • повисоко ниво на достапност во оперативната работа на опремата,
  • редовни надградби на опремата и стручноста на персоналот задолжен за техничка поддршка,
  • оптимално планирани корективни активности во мрежата и минимално време на прекини за повисоко задоволство на крајниот корисник,
  • долгорочна поддршка од страна на производителот.