Локална техничка поддршка – 24/7
Професионалните сервисни услуги создаваат додадена вредност за купувачите кои ги обезбедуваат своите услуги до крајни корисници. Тие вклучуваат: советување, управување со проекти, како и обемна техничка поддршка, која е предмет на посебен писмен договор со купувачите.
Професионалните сервисни услуги се состојат од три главни области:
- планирање (дефинирање на мрежни услуги, мрежна архитектура, мрежно димензионирање, стратешка анализа на бизнис решенија и модели, технички решенија),
- советување (советување при планирање на проекти, конфигурација на решенија и услуги, проектирање и планирање на мрежа, планирање на апликации),
- напредна поддршка (управување со проекти, техничка поддршка, служба за итни случаи, далечински пристап, тест на интероперабилност на оператори, протоколи или опрема).
|
Управуваните сервисни услуги вклучуваат Првo ниво за поддршка (First Level Support) односно локална техничка поддршка - 24/7, како дневно управување и/или одржување на активна и пасивна опрема.