Kontron MK,
како член на групацијата Kontron Slovenia, е главен добавувач на комуникациски решенија во Република Македонија и водечки системски интегратор за проектирање, имплементација и одржување на решенија за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетската индустрија.
Канцелариите на Kontron MK се наоѓаат во центарот на градот Скопје, главниот град на Република Македонија.
Kontron MK
Имаме богато портфолио на решенија за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетските индустрии
Горди сме, што сме доволно големи за да бидеме лидер во телекомуникациите, но сепак сме доволно мали за брзо и ефикасно прилагодување на нашите решенија на барањата на нашите клиенти и партнери. Можеме да понудиме решенија кои се компатибилни со постоечките системи.
Веруваме дека не може да има бизнис успех без ефективни комуникации, добри односи и задоволни корисници. Исто така сме свесни дека успехот на пазарот бара локално присуство. Нашата амбиција е да растеме од компанија со локално присуство на пазарот до важен играч на глобално ниво.
Kontron MK
Што нудиме?
Нашиот опсег на активности опфаќа продажба, консултации, обуки, проектирање, развој, инженеринг, инсталација и обезбедување на услуги за информациски систем, интегрирани решенија и инфраструктурни проекти.
Ние ставаме значителен акцент на градење на цврст мост со нашите клиенти. Нашата компанија е препознатлива по добро заслужената репутација за нејзината приспособливост, брзи реакции и услови за испорака. Исто така имаме добро организирана сервисна мрежа. Нашите вработени и партнери се високо образовани и квалификувани, па затоа тие секогаш нудат професионални услуги по највисоки стандарди.
Ние сме горди на нашиот
Локален центар за развој – Kontron MK
Нашата мисија е креирање на архитектура, дизајн, развој, интеграција и валидација на софтверски компоненти, апликации и решенија кои се користат во портфолиото на производи и решенија на Kontron SI.
Kontron MK покрива дел од развојот на групацијата Kontron Slovenia за две области:
- телекомуникации, каде што се развиваат апликации кои најмногу се однесуваат на надзорот и управувањето со мрежните елементи,
- IoT за индустриска употреба, каде што развиваме платформа и апликации за поврзување и управување со голем број на податоци од различни уреди и информациски системи.
|
Групација Kontron Slovenia
За нас
Групација Kontron Slovenia е водечки европски провајдер за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетските индустрии, со повеќе од 75 години искуство. Групација Kontron Slovenia ги комбинира искуството и експертизата со креативност и иновативност, во своите центри за истражување и развој, производствени центри, со 1000 вработени и глобалнa присутност во повеќе од 50 земји.
Следен чекор
Сакате да дознаете повеќе?
Посетете ја нашата корпоративна веб-страница.
Групација Kontron Slovenia