ИТС Искрател Скопје,
како член на групацијата Искрател, е главен добавувач на комуникациски решенија во Република Македонија и водечки системски интегратор за проектирање, имплементација и одржување на решенија за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетската индустрија.
Во 2016 година го основавме ИТС Софтвер Центар. Канцелариите на ИТС Искрател и ИТС Софтвер Центар се наоѓаат во центарот на градот Скопје, главниот град на Република Македонија.
ИТС Искрател
Имаме богато портфолио на решенија за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетските индустрии
Горди сме, што сме доволно големи за да бидеме лидер во телекомуникациите, но сепак сме доволно мали за брзо и ефикасно прилагодување на нашите решенија на барањата на нашите клиенти и партнери. Можеме да понудиме решенија кои се компатибилни со постоечките системи.
Веруваме дека не може да има бизнис успех без ефективни комуникации, добри односи и задоволни корисници. Исто така сме свесни дека успехот на пазарот бара локално присуство. Нашата амбиција е да растеме од компанија со локално присуство на пазарот до важен играч на глобално ниво.
ИТС Искрател
Што нудиме?
Нашиот опсег на активности опфаќа продажба, консултации, обуки, проектирање, развој, инженеринг, инсталација и обезбедување на услуги за информациски систем, интегрирани решенија и инфраструктурни проекти.
Ние ставаме значителен акцент на градење на цврст мост со нашите клиенти. Нашата компанија е препознатлива по добро заслужената репутација за нејзината приспособливост, брзи реакции и услови за испорака. Исто така имаме добро организирана сервисна мрежа. Нашите вработени и партнери се високо образовани и квалификувани, па затоа тие секогаш нудат професионални услуги по највисоки стандарди.
Ние сме горди на нашиот
Локален центар за развој – ИТС Софтвер центар
Нашата мисија е креирање на архитектура, дизајн, развој, интеграција и валидација на софтверски компоненти, апликации и решенија кои се користат во портфолиото на производи и решенија на Искрател.
ИТС Софтвер Центарот покрива дел од развојот на Групацијата Искрател за две области:
- телекомуникации, каде што се развиваат апликации кои најмногу се однесуваат на надзорот и управувањето со мрежните елементи,
- IoT за индустриска употреба, каде што развиваме платформа и апликации за поврзување и управување со голем број на податоци од различни уреди и информациски системи.
|
Групација Искрател
За нас
Искрател е водечки европски провајдер за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетските индустрии, со повеќе од 70 години искуство. Искрател ги комбинира искуството и експертизата со креативност и иновативност, во своите центри за истражување и развој, производствени центри, со 900 вработени и глобалнa присутност во повеќе од 50 земји.
Следен чекор
Сакате да дознаете повеќе?
Посетете ја нашата корпоративна веб-страница.
ИСКРАТЕЛ