ИТС Искрател Скопје, член на Искрател СнТ групацијата, има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим. Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување за следнава позиција:
- Планирање, организирање, анализа и контрола на сите финансиски активности и трансакции на компанијата,
- Давање финансиски насоки и советување на менаџментот за реализирање на бизнис целите на компанија;
- Грижа за деловните стратегии да се идентификуваат и да се извршуваат низ финансиските процеси,
- Иницирање, и водење проекти за поддршка на стратешки приоритети на компанијата од аспект на финансии;
- Финансиска евалуација на сите бизнис одлуки;
- Финансиска контрола на бизнис процесите и процесите за менаџирање на ризици;
- Изготвување на годишни финансиски планови и предвидувања за потребите на менаџментот на претпријатието (биланс на успех, биланс на состојба, извештај за парични токови, инвестиции и залихи);
- Навремено и квалитетно изготвување на финансиски извештаи според соодветни сметководствени стандарди и компанискиот систем на известување;
- Спроведување даночната политика на компанијата согласно законските промени и навремено пријавување на сите видови даноци;
|
- ВСС – Економски факултет и поседување уверение за овластен сметководител;
- Најмалку 3 години проефесионално искуство како сметководител со искуство на изготвување годишни планови, сметки и финансиски извештаи, ДДВ, Е-ПДД и плати;
- Како предност ќе се смета искуството во интернационални компании;
- Ажурирано знаење на регулативата за финансиско известување, сметководствената и даночната регулатива во Република Северна Македонија;
- Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето;
- Систематичност, организираност и иницијативност;
- Навременост и строго почитување рокови;
- Одлични вештини за комуникација, пишана и вербална;
- Познавање на англискиот јазик и соодветни компјутерски вештини Microsoft Office пакет а особено во Excel;
- Искуство во електронско банкарство, денарско и девизно работење;
- Позитивен однос кон промени.
|